Прескокни до содржината

Јаневска: Финансираме истражувања на осум јавни научни установи, вложувањата во наука ни се приоритет

Научниот тим пред зградата на Институтот за старословенска култура во Прилеп

Осум јавни научни установи две години ќе работат на истражувања од висок стратешки и национален интерес за Македонија, со поддршка на Министерството за образование и наука од 23,7 милиони денари.

Осум јавни научни установи две години ќе работат на истражувања од висок стратешки и национален интерес за Македонија, со поддршка на Министерството за образование и наука од 23,7 милиони денари. Меѓу одобрените проекти се Етимолошкиот речник на македонскиот јазик, истражувањата на Охридското езеро, Лексиконот на македонскиот фолклор како и истражувањето на културното наследство на Албанците од Кумановскиот регион. Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека потпишувањето на договорите со јавните научни установи покажува дека оваа Влада и Министерството инвестираат во забрзан развој на науката.

Потпишување на договорите во Министерството за образование и наука
Претставници на јавните научни установи
← Сите објави