Прескокни до содржината

Византиските монашки центри во РС Македонија

Дознај повеќе
Црквата Св. Пантелејмон на Плаошник, Охрид

Поддршка

Проектот е поддржан од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија

Договор за доделување на средства за финансирање на научноистражувачки проект на Јавната научна установа Институт за старословенска култура – Прилеп за 2025 година, број 15-6632/12 од 24.07.2025

Министерство за образование и наука

Реализатор

ЈНУ – Институт за старословенска култура – Прилеп

Врши научноистражувачка дејност од јавен интерес во областа на општествените и хуманистичките науки со цел да го прошири севкупното знаење и да ја промовира науката за историскиот и културниот идентитет на македонскиот народ.

За тимот

Истражување

Споменици

  • Св. Пантелејмон / Св. Климент – Плаошник

    Охрид

    Св. Пантелејмон / Св. Климент – Плаошник

    Локалитетот Плаошник во Охрид претставува еден од најзначајните споменици во историска, културна и духовна смисла, не само за македонскиот народ, туку и пошироко за сите словенски народи. Сместен на јужните тераси на охридскиот рид, тој е исклучителен археолошки комплекс со културни слоеви кои се протегаат од праисторијата, антиката и ранохристијанството, до развиениот среден век.

  • Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец

    Златоврв, Прилеп

    Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец

    Сместен на височина од 1280 метри на планинскиот масив Златоврв, северно од Прилеп, манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец претставува еден од највпечатливите и најзначајните сакрални локалитети во Македонија. Неговата позиција на карпеста височина со широки погледи кон Пелагонија не е случајна – оваа локација била култен простор со изразена духовна симболика уште од античките времиња. Трескавец е сместен во планински предел кој овозможува стратешка доминација врз пошироката околина и директна визуелна врска со голем дел од Пелагониската котлина. Оваа географска поставеност има не само стратегиско туку и симболичко значење, поврзано со длабокиот духовен идентитет на местото. До манастирот во минатото се пристапувало преку планинска патека што започнува од Маркови Кули, тврдината над Прилеп. Денес постои и модерен пат, кој овозможува пристап и за поклоници и за истражувачи, со што Трескавец се претвора во еден од најдостапните висински манастирски комплекси во Македонија.

  • Манастир Св. Преображение, с. Зрзе

    с. Зрзе, Прилеп

    Манастир Св. Преображение, с. Зрзе

    Зрзевскиот културен комплекс претставува еден од најзначајните сакрални и културни простори во југозападниот дел на Северна Македонија. Повеќеслојните археолошки, архитектонски и писмени извори овозможуваат да се следи неговото развивање во континуитет од праисторијата до денес. Благодарение на археолошките истражувања, особено на систематските ископувања од 2008/2009 година, овде се идентификувани бројни остатоци што сведочат за долг историски процес и културна континуитетност.

  • Св. Никола, с. Манастир, Мариово

    с. Манастир, Мариово

    Св. Никола, с. Манастир, Мариово

    Манастирот Св. Никола во селото Манастир, Мариово, претставува еден од најрепрезентативните и најцелосно истражени манастирски комплекси на територијата на Северна Македонија. Заедно со манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Трескавец, тој е единствената средновековна манастирска целина која е во целост археолошки, архитектонски и уметнички документирана, што овозможува да се следат сите фази на неговиот развој — од основањето на монашката населба кон крајот на 11 век, па сè до неговото обновување во 19 век.

  • Чебрен

    Мариово

    Чебрен

    Локалитетот Чебрен, кој се наоѓа во срцето на регионот Мариово, претставува извонреден пример за континуитет на населување и културен развој од античкиот период, преку средниот век, сè до новото време. Денес атарот на Чебрен административно припаѓа на селото Зовиќ, во општина Новаци, но археолошките и историските слоеви што го обележуваат овој простор се сведоштва за неговата поранешна регионална важност.

  • Курбиново

    с. Курбиново, Преспа

    Курбиново

    Курбиновската црква, посветена на светиот великомаченик Ѓорѓи, чија сликана декорација претставува еден од ретките репрезенти на уметничките текови од крајот на 12 век, се вбројува меѓу најзначајните споменици на византиската уметност. Сепак, покрај силниот научен интерес кој го предизвикува во изминатите седум децении, голем број прашања околу создавањето на нејзината архитектура и фрескоживопис останале се уште неодговорени. Поради недостатокот на пишани и материјални извори за најстарата историја на црквата пред современите истражувачи остануваат енигма податоците за нејзиното ктиторство, мотивите за подигањето, но и контекстот на нејзиното егзистирање во првите векови од нејзиното постоење.

  • Вељуса

    с. Вељуса, Струмица

    Вељуса

    Манастирот посветен на Пресвета Богородица Елеуса се наоѓа на околу 7 км западно од Струмица, во селото Велјуса, и е посветен на празникот Воведение на Пресвета Богородица. Зачуваните записи на двата архитрава, кажуваат дека црквата ја подигнал монахот Мануил во 1080 година. Изворите сведочат дека манастирот бил сместен на бигорна карпа на северните падини од планината Еленица, изграден над некогашното село Палеокастро во темата Струмица. Нејзиниот ктитор, монахот Мануил, дошол од манастирот Свети Авксентиј во Битинија, за струмички епископ. Во неговото епископско седиште (Водоча) како што и самиот нагласил во Типикот, го подигнал манастирот со свои средства.

Блог

Последно објавени…

Сите објави →