Прескокни до содржината

Конзерваторски истражувања на манастирските цркви од проектот „Византиски монашки центри – традиција и континуитет“

Конзерваторски истражувања на манастирски цркви – фотографија 1

Конзерваторските истражувања ги опфатија црквите во Трескавец, Плаошник, Курбиново, Мариово, Зрзе и Чебрен.

Во рамките на проектот „Византиски монашки центри – традиција и континуитет“ на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп, реализиран со поддршка на Министерството за образование и наука, извршија конзерваторски истражувања на сакралните објекти во манастирските комплекси.

Со истражувањата беа опфатени црквите: Успение на Пресвета Богородица во манастирот Трескавец, Св. Пантелејмон / Св. Климент на Плаошник во Охрид, Св. Ѓорѓи во Курбиново, Св. Никола во с. Манастир (Мариово), Св. Преображение во Зрзе и Св. Димитрија / Св. Спас во Чебрен.

Раководител на теренските истражувања м-р Оливера Макриевска, конзерватор-советник, ги изработи проектната програма и документација потребна за добивање дозвола за конзерваторски истражувања. Во стручно-научниот тим се вклучени и д-р Александар Василески, м-р Катерина Росикопулос и диа Илија Ристески, конзерватор-советник.

Резултатите од конзерваторските истражувања ќе бидат важна основа за проучувањето на градежните и живописните фази на црквите, како и за нивната натамошна заштита и презентација.

Фотографии

← Сите објави