Прескокни до содржината

Представен научен труд за иконографијата на „Св. Пантелејмон“ (Плаошник) на 25-тиот симпозиум „Ниш и Византија“

Симпозиум „Ниш и Византија“ – фотографија 1

Д-р Ивона Панџак-Пинева учествуваше на XXV Меѓународен симпозиум на византолози „Ниш и Византија“, одржан од 3 до 5 јуни 2026 година во Ниш.

Нашата вработена, д-р Ивона Панџак-Пинева, научен соработник во ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп, учествуваше на XXV Меѓународен симпозиум на византолози „Ниш и Византија“, кој од 3 до 5 јуни 2026 година се одржа во Ниш, Р. Србија. Годинашната тема на овој престижен собир беше „Православното царство на Римјаните во претставите на првите христијани“, во организација на Градот Ниш, Универзитетот во Ниш и Православната епархија нишка. Настанот се реализираше во рамките на чествувањата посветени на патроните на градот, Светите цар Константин и царица Елена, со што се одбележа и значаен јубилеј – 25 години од постоењето на овој реномиран научен собир.

На овој значаен собир, д-р Панџак-Пинева го презентираше својот научен труд „The Lost Image: Reconsidering the Iconographic Program of St. Panteleimon (Plaošnik) through its 14th-Century Fragments“. Ова излагање е дел од научноистражувачкиот проект „Византиските монашки центри во РС Македонија: традиција и континуитет“, кој го спроведува нашиот Институт.

Фотографии

← Сите објави